Младинската репрезентативка Котевска го пропушта остатокот од сезоната

2

Младинската репрезентативка на Македонија и членка на Атлетик, Исидора Котевска, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Средниот бек заработи повреда на предните вкрстени лигаменти, а пред извесен период беше успешно оперирана, по што ја очекува рехабилитација и подолга пауза од ракометните терени.

Прилепчанката беше една од главните адути на новакот во најквалитетното домашно натпреварување. Нејзиното отсуство се почувствува на последните натпревари, особено на дуелот со Вардар.

Атлетик моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата со две победи и вкупно четири бода.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе