Селекторот на машката пионерска репрезентација на Македонија, Никола Матлиески, денеска го објави списокот на играчи за ЕХФ неделата, во која нашите надежи ќе играат против Црна Гора и Косово во рамките од Регионалната лига.
За оваа акција, Матлиески одлучи да повика 16 играчи од Југозападниот регион, а за ЕХФ неделата во јануари, односно за вториот турнир од Регионалната лига ќе бидат повикани играчи од Североисточниот регион (Скопје, Куманово, Велес, Штип), со цел да се овозможи поквалитетно следење и проценка на младите играчи од целата држава.
За претстојната ЕХФ недела, меѓу повиканите 16 играчи се наоѓаат и двајца членови на Преспа. Тоа се голманот Симон Јовановски и бекот Виктор Ѓорѓиевски, кој моментално е најдобар стрелец во кадетска лига.
