Иако на македонскиот шампион Вардар малку му недостигаше за со победа да се одјави од Лигата на шампионите, сепак, на последниот дуел од групната фаза освои бод против Мелсунген, 26-26.
Вардар кам-бекот во најелитното европско клупско натпреварување го заврши со четири порази, една победа и едно реми.
За Вардар заврши настапот во Лигата на шампионите, но не и на европската сцена. Во вториот дел од сезоната, поточно од февруари, вардарци ќе настапуваат во Лигата на Европа.
ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ДЕНЕШНИОТ МЕЧ НА ОБЈАВАТА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ