Чупиќ: Еурофарм Пелистер игра специфичен ракомет, но ние сме фаворити!

87

Тимот на Вардар со реми против Мелсунген, 26:26, го заврши настапот во Лигата на шампионите, но не и на европска сцена. Од месец февруари, избраниците на Иван Чупиќ продолжуваат во Лигата на Европа, каде што ќе се обидат да остварат подобри резултати.

По вчерашниот дуел против Мелсунген, македонскиот шампион нема да има многу време за одмор, бидејќи го очекува неделниот дерби натпревар со вечниот ривал, тимот на Еурофарм Пелистер.

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, смета дека неговиот тим не бега од фаворитската улога за дерби дуелот против пелистерци.

„За дуелот против Еурофарм Пелистер им кажав на моите момци дека ние сме фаворити и дека така треба да се поставиме. Секој натпревар е приказна за себе, ние ја преземаме фаворитската улога и не бегаме од тоа. Играме дома, пред своите фанови, направивме тим за Лигата на шампионите и важиме за фаворити за одбрана на домашната титула. Еурофарм Пелистер игра специфичен ракомет каков што не играше ниту еден тим од нашата група, така што ова ќе биде голем предизвик, изјави Чупиќ“, изјави Иван Чупиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 1 ноември во СЦ „Јане Сандански“ од 17:45 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе