Каракабаков и Иванџиков блескаа во Штип – заедно постигнаа 26 гола!

164

Кадетите на Младост во натпревар од 8. коло од кадетската лига славеа на гостувањето во Штип кај Текстилец со убедливи 39:21.

За клубот од Богданци, кој посветено работи со младинските категории, ова беше трета победа во кадетската конкуренција. Во следното, 9. коло, избраниците на Лукиќ и Роглев ќе гостуваат во Скопје кај Македонија Ѓорче Петров.

Денешниот дуел во Штип го одбележаа Антонио Каракабаков и Стојан Иванџиков, при што Каракабаков постигна 15 гола, а Иванџиков го заврши натпреварот со 11 погодоци.

Со победата во Штип, Младост сега има седум бода на табелата. Богданчани во првото коло, на домашен терен, славеа токму против Текстилец, а во 2. коло беа подобри и од Македонија Ѓорче Петров, противник со кој ќе се соочат и во следното, 9. коло. Во претходното, 7. коло, Младост одигра нерешено на гостувањето во Велес против Гемиџии.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе