Екипата на Еурофарм Пелистер, по победата во вторникот против Гумерсбах во Лигата на Европа, вечерва ја очекува уште еден предизвик, овој пат во домашниот шампионат.
Избраниците на Лино Червар гостуваат во Автокоманда, каде што ќе ги одмерат силите со Алкалоид во дерби дуелот од 11. коло. Домаќинот на овој натпревар во досегашниот дел од сезоната собраа 16 бода, додека пелистерци имаат еден повеќе, односно 17.
Натпреварот ќе го судат браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола , а почетокот е закажан за 18:00 часот.
ЛИНК ЗА НАТПРЕВАРОТ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ…
Натпреварот може да го проследите и на МРТ 3 каналот, односно ОВДЕ.