Антонио Николоски со феноменална партија – даде 14 гола за Макаби Димона

285

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Антонио Николоски, одлично се снаоѓа во својот втор интернационален предизвик.

По настапите во БиХ, екс членот на Младост Богданци направи трансфер во израелскиот второлигаш Макаби Димона. 

Левиот бек имаше феноменална партија против составот на Ирони во натпревар од 3. коло, во кој неговиот тим славеше со 20 гола разлика, 40:20.

Македонецот постигна 14 гола за 48 минути игра, запиша четири асистенции, а солиден придонес имаше и во одбраната.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе