Македонија утре го започнува седмото учество на Европските првенства

588

Утре ќе започне 16. издание на Европското првенство во женска конкуренција, на кое еден од 24-те учесници ќе биде и репрезентацијата на Македонија. Како што е познато, нашата репрезентација своето учество на континенталниот собир го обезбеди преку квалификацискиот циклус, во група со Шпанија, Азербејџан и Литванија заврши како второпласирани.

За Македонија ова е седмо континентално учество, а второ последователно, откако во 2022, како еден од ко-организаторите, имаше директно обезбедено пласман меѓу најдобрите европски репрезентации. Најголемиот успех за Македонија на Европските првенства е 2008, тогаш Охрид и Скопје беа домаќини.

Македонија на претстојното ЕП во групната фаза за ривали ги има репрезентациите на Шведска, Унгарија и Турција. Само најдобрите две репрезентациите од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза. Фаворити за првата позиција во групата се Шведска и Унгарија.

Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:
28,11, 20:30, Македонија – Шведска
30,11 20:30, Македонија – Турција
02,12, 18:00, Македонија – Унгарија

Состав на Македонија за ЕП:
Матеа Чурлиновска, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Сара Ристовска, Ивана Арсениевска, Ивана Џатевска, Симона Маџовска, Бојана Диневска, Јована Саздовска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Елена Ѓорѓиевска, Сара Стефаноска, Теодора Дукоска, Марија Јанкуловска, Катерина Дамјановска и Нена Нестороска.

Домаќини на ЕП 2024 ќе бидат Унгарија, Австрија и Швајцарија, а нашата репрезентација натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Дебрецин.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе