Македонскиот вицепрвак Вардар доби засилување во стручниот штаб за преостанатио дел од претстојната сезона. Нов член на Вардар е Аугустин Франциско Бу кој доаѓа од Колштад, Норвешка каде работеше со норвешкиот младински шампион, но и со екипата на Бјасен како аналитичар на податоци. Има и искуство и со репрезентацијата на Аргентина во текот на изминатата година, анализирајќи различни податоци, и соработувајќи со Гиљермо Милано.
Француско Бу веќе извесно време е во Скопје, и работеше на подготовката на екипата за натпреварите со Алкалоид и со Мелсунген, што „црвено-црните“ ги добија. Бу ќе биде дел од стручниот штаб, а покрај него како помошник на Милано ќе биде и Стојанче Стоилов кој и досега беше на клупата на Вардар.