Женската репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на Европското првенство 2024, откако во последното коло од групната фаза загуби од Унгарија, која е еден од домаќините на континенталниот собир, со 29:19. По доброто прво полувреме, во кое „црвено-жолтите“ добро парираа, но и водеа, во вториот дел дојде до израз квалитетот меѓу двете репрезентации.
Македонија во првото коло беше поразена од Шведска со 28:18, а во второто коло одигра реми против Турција, 25:25.
Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Сара Ристовска со шест гола, Петковска натпреварот го заврши со 10 интервенции, додека Мицевска имаше една.