Сениорите утре ги започнуваат подготовките за СП 2025

141

Машката репрезентација на Македонија утре ќе ги стартува подготовките за настапот на Светското првенство 2025. По собирот, репрезентацијата ќе замине во соседна Србија, поточно во Стара Пазова, таму ракометарите ќе бидат до 30 декември, потоа ги очекува неколку дена одмор, па по празниците вториот дел од подготовките ќе се одработи во Македонија.

Македонската експедиција на 7 јануари заминува во Хрватска и последниот дел од подготовките ќе биде одработен во Вараждин. Избраниците на Лазаров против Хрватска, која е еден од ко-организаторите на Мундијалот, ќе одиграат пријателски натпревар.

Репрезентацијата на Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја, а најдобрите три селекции ќе обезбедат место во главната фаза.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе