Милано на Димитријевиќ со важна победа во Евролигата

134

Екипата на Олимпија Милано, во која настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, славеше над Лион со 75:66 во натпревар од 19. коло во Евролигата. Тимот на Нено со денешната победа влезе во зоната која носи битка за место во плејофот во најквалитетното натпреварување.

Македонецот имаше скромен учинок, на теренот мина десет минути и успеа да запише три поени. Најдобар поединец во победничката екипа беше Миротиќ со 18, пред Ледеј со 17 поени, а кај Лион, Де Коло запиша 22 поени.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе