Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство 2025. Прв ривал на избраниците на Кирил Лазаров е репрезентацијата на Унгарија, која ќе ја има улогата на фаворит против „црвено-жолтите“. Македонија ќе атакува на пласман во главната фаза, а доколку ја оствари целта, тогаш ќе игра со трите најдобри од овие четири репрезентации– Франција, Катар, Австрија и Кувајт.
Според ИХФ, клучни играчи на Македонија на овој Мундијал ќе бидат Филип Кузмановски, Никола Митревски и Мартин Серафимов. Сите тројца имаа одлични партии за Еурофарм Пелистер, односно Алкалоид во првиот дел од тековната сезона.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот во „Вараждин Арена“.