Репрезентацијата на Македонија загуби од Холандија со 37:32 во второто коло од групната фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Црна дамка на овој натпревар фрли данската арбитража, а по натпреварот се огласи и екс ракометарот на Вардар, Стефан Терзиќ.
,,Секој еден што следи ракомет знае дека синоќа беше направена голема неправда врз Македонската репрезентација”, напиша Терзиќ.
Искусниот ракометар, кој во Вардар пристигна од Хамбург, односно како европски шампион, под неговата објава додаде – На кого му смета силна Македонија?
Избраниците на Лазаров утре против Гвинеја ќе го заверуваат пласманот во главната фаза на Светското првенство.