
Машката репрезентација на Македонија со убедливиот триумф над Гвинеја од 29:20 (14:10) си го завери пласманот во главната фаза на Мундијалот. Избраниците на Кире Лазаров во главната фаза ќе играат против Франција, Австрија и Катар на Веселин Вујовиќ.
Одлична партија повторно имаше капитенот Филип Кузмановски, кој зад своето има запиша 12 погодоци и подели ,,безброј асистенции” кон своите колеги. По натпреварот, Кузмановски го доби признанието за МВП. За битолчанецот ова е второ признание за најдобар играч на натпреварот, по она со Унгарија.