Машката репрезентација на Македонија со победата над Гвинеја го завери пласманот во главната фаза на Светското првенство 2025. Избраниците на Кире Лазаров во главната фаза ќе играат против репрезентациите на Австрија, Катар и Франција.
Македонија и на следните три натпревари ќе има голема поддршка во „Вараждин Арена“, билети сѐуште има, најефтините се 80 евра, а има и од 100 и 300 евра во зависност, во зависност од местото на седење во салата. На овој линк ги имате сите информации околу билетите.
Нашата репрезентација утре од 15:30 часот игра против Австрија и со евентуална победа ќе остане во игра за добар пласман на Мундијалот.