„Среќата ги прати храбрите“

190

Машката репрезентација на Македонија со голот на Филип Кузмановски одигра реми против Австрија, 29:29, во натпревар од 1. коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Најефикасниот на денешниот натпревар беше Марко Митев, кој го коментираше ремито против избраниците на Алеш Пајовиќ.

,,Се обидов да го дадам максимумот, иако имав мала повреда, типот на противникот ми лежеше, но Австрија е силна репрезентација, тешко беше да се надигруваш во тие 60 минути, се мачевме многу, посебно со таа игра 7 на 6, на крајот имавме можеби малку среќа, но среќата ги прати храбрите. Има повредени и болни ракометари но што е тука е, мора да го дадеме максимумот доколку сакаме победа над Катар, мора на тој натпревар да влеземе максимално фокусирани”, изјави Митев.

Македонија во 2. коло од главната фаза на Мундијалот ќе се соочи со Катар, додека во последноот коло ќе игра со еден од фаворитите за златото – Франција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе