„Филип има „динамит“ во себе, може да биде голема ѕвезда на светскиот ракомет“

245

Репрезентацијата на Македонија, која е едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство 2025, утре во последното коло од главната фаза ќе се соочи со Франција. Нашата репрезентација има теоретски шанси да се избори за четвртфинале, а селекторот Кирил Лазаров во изјава за хрватскиот портал tportal.hr зборуваше за досегашниот настап на Македонија на СП,  како и за лидерската улога на Филип Кузмановски.

„Видов дека има нешто во Филип. Јас му ја дадов капитенската лента, бидејќи е јасно дека е лидер на оваа генерација. Без проблем ја прифати улогата и целата одговорност што доаѓа со неа. Тој играше во Магдебург, Хановер и Вецлар. Станува збор за голем талент и сигурен сум дека има многу „динамит“ во себе. Убеден сум дека ќе се врати во Европа и дека ќе биде многу посилен од порано. Го познавам долго време, му бев идол кога игравме заедно, имаме фантастична комуникација и сигурен сум дека Филип може да биде голема ѕвезда на светскиот ракомет“, изјави Лазаров.

Капитенот моментално е лидер на стрелците на Мундијалот, на пет натпревари постигна 41 погодок.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе