Екс голманка на Хипо ќе брани и на 39 години!

138

Некогашната голманка на Хипо, Барбара Аренхарт, која важи за една од најдобрите голманки на светот, ќе брани и во наредната сезона.

38-годишната членка на словенечкиот шампион Крим кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, поточно во тимот на Мошонмаѓаровар. Договорот ќе стапи на сила по завршувањето на тековната сезона, а двете страни се договорија на едногодишна соработка.

Бразилката во својата кариера беше дел и од Вац, Бјасен, Будуќност…додека со својата репрезентација на Светското првенство во Србија (2013) го освои златниот медал и беше избрана во ол-старт тимот за најдобра голманка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе