🎥Погледнете како Хрватска ја „размонтира“ Франција

155

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство 2025, откако во полуфиналето славеше над Франција со 31:28. Хрватите одиграа фуриозно во првото полувреме, на пауза заминаа со предност од 18:11, а во вториот дел светскиот вицепрвак никако не можеше да направи камбек.

Предводници во победничката репрезентација беа Марин Јелениќ и Звонимир Срна, двајцата постигнаа по седум погодоци, шест додаде Иван Мартиновиќ, додека четири запиша екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш.

Хрватска во финалето, кое ќе се одржи на 2 февруари во Осло, ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Данска и Португалија.

На видеото подолу можете да ги погледнете најдобрите моменти на „коцкестите“ против „триколорите“.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT