Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 13. коло во Втората кошаркарска лига, а интересно се очекува да биде на неколку средби.
Лидерот Ангели 11-та победа ќе ја бара на гостувањето во Охрид, кој во претходното коло беше високо поразен од Маџари, загуби со 93:70. Избраниците на Гацов на првото соочување против Охрид триумфираа со 83:59, па така ќе влезат како големо фаворити.
Моментално, второпласирнаиот Соколи ќе гостува во Прилеп кај Мега баскет, тим кој што покажа дека може да биде незгоден на свој терен. Иако прилепчани беа поразени на претходните четири натпревари, сепак, составот на Голубовиќ со поддршка од трибините ќе посакува да излезе од кризата и да дојде до 6-ти сезонски триумф.
Интересно се очекува да биде и на пресметката меѓу Црн Дрим и Маџари, односно Работички и Водно Санс.
Втора лига, 13. коло, распоред:
ТАБЕЛА