Репрезентацијата на Македонија иако не обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска, сепак, капитенот Филип Кузмановски успеа да остане меѓу најдобрите стрелци.
Очекувано, репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, заврши како најдобар стрелец, постигна 74 погодоци, додека Кузмановски на шест одиграни натпревари им даде 49 погодоци на ривалите.
Данска по четврти пат во низа го освои златото на Мундијалите, второто место им припадна на Хрватите, а бронзата ја освои Франција. Најголемото изненадување, репрезентацијата на Португалија, настапот го заврши на 4. позиција.