Феникс му зеде скалп на вицепрвакот за 8-ми сезонски триумф

88

Екипата на Феникс продолжува да изненадува во прволигашката конкуренција, денеска пред својата публика успеа да го надигра вицепрвакот Пелистер со 85:77. За Феникс ова е 4-та победа во низа, по триумфите над Вардар, ТФТ и Тиквеш.

Предводник во победата на Феникс беше Американецот Алан Бертранд , постигна 33 поени, додека кај Пелистер се истакна Бобан Стајиќ со 19 поени.

Избраниците на Дервишевиќ  ги зголемија шансите за пласман во плеј-оф сегментот, а за битолскиот тим денешниот пораз беше 7-ми во новата натпреварувачка сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе