Еден од најталентираните македонски ракометари, средниот бек Бобан Петров, вчера на натпреварот против Охрид го имаше својот дебитански гол во најквалитетното домашно натпреварување. Петров оваа сезона од Германија се врати во Велес и потпиша договор со Борец Фруитленд. На натпреварот против Охрид, младиот ракометар имаше четири реализации.
Велешанецот во Германија беше дел од вториот тим на Кил и од екипата на Котбус.