Екипата на Овче Поле славеше во дерби дуелот против Конзули со 83:58 во натпревар од 8. коло од третолигашката конкуренција. За тимот од Свети Николе ова беа важни бодови и со освоената победа се позиционираше на 2. позиција во групата Б, сега има 12 бодови.
Овче Поле во натпреварот со битолскиот тим имаше голема поддршка од трибините во спортската сала „Цар Самоил“ која беше претесна за сите љубители, а навивачката група “Овчари” даде посебен шмек.
На ваква навивачка атмосфера можат да позавидат и дел од прволигашките клубови во нашата земја.
View this post on Instagram