Македонскиот кошаркарски вицепрвак Пелистер донесе уште едно засилување за новата сезона. Станува збор за Мајк Едвардс, искусен кошаркар од САД, а во „градот на конзулите“ ќе пристигне од Грузија, поточно од клубот Ткибули Орби, таму настапуваше минатата сезона и имаше просек од 15,5 поени и 6,8 скока по натпревар. Во својата интернационална кариера има настапувано во Канада, Азербејџан, Русија и на Косово. Потекнува од Универзитетот Џорџија, клуб со кој настапуваше во НЦАА лигата до 2019 година.
27-годишен американски кошаркар висок 206 сантиметри треба да биде од огромна помош за тимот на тренерот Александар Петровиќ во борбата под обрачите. Битолскиот клуб претходно се засили со Андрија Бојиќ, Бобан Стајиќ, Виктор Ташовски, Петар Бошалески, Дамјан Крстевски, Димитар Пандев и Брајан Антоан, исто така од САД. Пелистерци покрај домашните обврски, ги очекува настап во регионалната АБА-2 лига.