Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот сезонски натпревар, откако вечерва пред својата публика триумфираше убедливо над Алкалоид со 33:20 (16:11). Избраниците на Алонсо победата ја најавија уште во првиот дел, во вторите 30 минути продолжија со доминацијата, Митревски се разбрани, а нападот на пелистерци функционираше беспрекорно.
За составот на Лазаров ова беше најлошиот одигран натпревар сезонава, со многу технички грешки, едноставно немаше идеја во нападите и немаше никакво решение како да ги запре разиграните домаќини.
Предводник во победничката екипа беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, а го следеше Богдан Радивојевиќ со осум. Голманот Никола Митревски натпреварот го заврши со 12 интервенции. На спротивната страна се истакна Мартин Серафимов со осум погодоци.
Еурофарм Пелистер со денешната победа го презеде лидерското место на табелата во суперлигашката конкуренција.