Кузмановски: Исполнетата сала е дополнителна мотивација за победа над Словенија

159

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за двомечот со Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Првиот натпревар меѓу двете репрезентации ќе се одигра во Скопје, додека вториот во Копер. Македонија квалификациите ги стартуваше со победа над Естонија и пораз од Литванија, па така дуелите со репрезентацијата на Урош Зорман ќе бидат од големо значење.

Бекот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, истакна дека словенечката репрезентација е квалитетен ривал и посака заедно со неговите соиграчи да славаат пред македонската публика.

,,Словенија е еден квалитетен ривал, сите знаеме со какви играчи располага нивната репрезентација и колку ќе ни значи овој натпревар. Играме на домашен терен, салата ќе биде целосно исполнета, а тоа за нас е дополнителна мотивација. Тоа го покажавме и на претходните квалификациски натпревари, како против Фарски Острови. Македонија и народот веруваат во нас, гледате една млада и борбена екипа, а тоа го докажавме и на Светското првенство. Уште имам чувство како да сме на првенство – имаме голема мотивација. Знаеме колку значеше нашето учество и колку добро се боревме на СП, а и колку треба во иднина да се докажеме. Мислам дека повторно ќе се покажеме во добро светло и посакувам победа над Словенија во Скопје”.

Македонија и Словенија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека втората средба е во Копер на 16 март во „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе