Репрезентативец на Македонија, Теодор Симиќ, има нов интернационален предизвик во својата кариера. Младиот кошаркар се договори на соработка со шпанскиот Прат, станува збор за клуб од Каталонија и клуб кој се натпреварува во Третата лига во Шпанија, а веќе 20 години е филијала на Хувентут, односно е негов втор тим. Трансферот на Симиќ во Прат е камбек на шпанска територија.
За потсетување, големиот талент на Македонија неколку сезони беше дел од младинската школа на Барселона. Високиот центар беше поврзуван со трансфер во неколку домашни клубови, но тој одлучи кариерата да ја продолжи во Прат. По Барселона, младиот Симиќ играше за Игокеа од БиХ и Борац Бања Лука каде што ги помина последните две сезони како позајмен кошаркар. Симиќ на Европското првенство Б дивизија (2023), кое се одржа во Скопје, имаше одлични партии во „црвено-жолтиот“ дрес и заслужено се најде во идеалната петорка.