Вардар го освои трофејот во Охрид

37

Ракометарите на Вардар го освоија трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако во финалето славеа над градскиот ривал, тимот на Алкалоид со 25:23 (15:9). Во натпревар, во кој двете екипи играа променливо, избраниците на Владо Недановски по одличното прво полувреме попуштија во вториот дел, но „сино-белите“ од Автокоманда немаа сили за целосен камбек во финалниот дуел. Најефикасен во вардаровиот табор беше Дмитро Горига со седум погодоци, исто толку постигна и Никола Костески во поразениот тим.

По финалниот натпревар беа избрани и најдобрите, па така индивидуалните награди завршија во редовите на „црвено-црните. Токму Горига беше прогласен за МВП на турнирот, додека голманот Мигел Еспиња, кој исто така имаше голема заслуга за освоениот трофеј на Вардар, ја освои наградата за најдобар голман.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе