🎥Талентираниот Крстески со гол првенец во Супер лигата

454

Суперлигашот Пролет веќе години наназад важи за една од најдобрите средини во македонскиот ракомет кога станува збор за развој на младите играчи. Клубот редовно им дава шанса на талентираните ракометари од помладите категории, а најнов пример за тоа е младиот Давор Крстески.

Прилепчанецот, кој има само 16 години, по добрите партии во кадетската и младинска конкуренција доби шанса во сениорскиот состав на Пролет и потврди дека може да одговори на предизвикот.

Крстески за сениорскиот тим дебитираше на натпреварот против Борец ФЛ во 3. коло од плеј-аут фазата и успеа да го постигне својот првенец во најквалитетното домашно натпреварување. Првиот погодок во Супер лигата сигурно ќе биде дополнителен мотив за младиот бек да продолжи по вистинскиот пат и да гради успешна кариера.

Тој од оваа сезона е дел од Пролет, претходно го носеше дресот на Голден Арт, клуб во кој исто така имаше добри настапи, а кариерата ја започна во родниот Прилеп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT