„Неки нови клинци“: Иднината на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет е во сигурни раце

258

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, предводен од тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски, испиша историја во Букурешт со пласман на Ф4 турнирот на првото издание од младинската Лига на шампиони. Пелистерци најпрво одиграа доминантно полуфинале против силниот Келце и со убедливи 37:29 најавија дека дојдоа по нешто големо.

Во финалето, против домаќинот Динамо Букурешт, кој имаше и „судиска поддршка“, младите битолчани покажаа срце, карактер и пожртвуваност. Во неизвесен финиш славеа со 37:36 и го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Еурофарм Пелистер во Букурешт покажа дека има генерација на талентирани играчи – левото крило Леонид Лозановски, кој имаше мирна рака на двата натпревари, десниот бек Карло Буторац, на моменти ни двајца голмани не можеа да му ги одбранат ударите, левиот бек Јован Марковски, кој храбро одеше во секој дуел, голманите Мелин Фехми и Атанасиј Трсунов, двајцата бранеа кога беше најпотребно, незапирливиот интернационалец Алем Хаџиќ… и останатите играчи кои дадоа сѐ од себе.

Оваа генерација на Еурофарм Пелистер покажа дека иднината на клубот и на македонскиот ракомет е во сигурни раце.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT