Утре во Битола ќе се одржи Ф4 турнирот во женската кадетска лига

102

Завршниот турнир во женската кадетска ракометна лига ќе се одржи утре, 26 април, во Битола. ЖРК Пелистер како домаќин ќе ги угости уште најдобрите три екипи кои се изборија за место на ф4 турнирот.

Во првото полуфинале ќе се соочат Пелистер и Вардар, кој во минатата сезона го освои првото место. Двете екипи се во одлична форма, а дуелот би требало да понуди големи возбудувања. Во второто полуфинале ќе играат Стружанка и Металург.

Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT