Ќириловски и Луканоски освоија титула со Игокеа

122

Екипата на Студент Игокеа, во која настапуваат младите Коста Ќириловски и Марко Луканоски, ја освои титулата во Првата лига на Република Српска, откако трипати го совлада Приедор Спартак во финалната серија и обезбеди пласман во најквалитетното кошаркарско натпреварување во БиХ.

На последниот натпревар, одигран вчера, младиот тим од Лакташи со стил ја заврши сезоната, триумфирајќи со 76:66.

Првиот тим на Игокеа, поради обврските во АБА лигата, како и во ФИБА Лигата на шампионите, доколку настапува и наредната сезона, нема да учествува во домашното првенство, но затоа таму ќе настапува младиот тим на клубот, познат како „развоен тим“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT