„Бомбардерот“ Борозан го засили Вардар

62

Црногорскиот ракометар кој со тимот на Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан, повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес. Искусниот ракометар со поранешниот шампион на Македонија потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен. Борозан следната недела треба да се приклучи на тренинзите на екипата и со неговото доаѓање Недановски ќе има повеќе опции во нападот.

ФОТО: РК Вардар

Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, два Купа, трипати СЕХА лигата. Во сезоната 2016/2017 кога Вардар беше европски првак Борозан даде 49 гола, од што осум на Ф4 турнирот во Келн (5 против Барселона и 3 против ПСЖ). По својата позиција Борозан е лев бек, но по потреба може да одигра и како среден бек. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен. Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна Гора“.

Во моментов во Вадар има тројца членови во тимот кои се дел од шампионскиот тим од 2017 година, тренерот Владо Недановски, неговиот помошник Стојанче Стоилов и Вуко Борозан.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе