Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата и трет пат по ред се шампиони на Македонија. Во најважниот меч сезонава, битолчани тирумфираа над вечниот ривал, Вардар, со 32:30 (15:17).
За битолчани ова е деветта титула во националниот шампонат, а најмногу титули има Вардар, вкупно 15.
Од осамостојувањето на Македонија, шампионскиот пехар покрај Вардар и Еурофарм Пелистер, го кревале и Преспа и Борец – по еднаш, додека Металург шест пати бил шампион во домашниот шампионат.