Машката младинска репрезентација на Македонија, по поразите од Фарски Острови, Романија и Исланд, ќе разигрува за пласман од 17 до 32 место на Светското првенство во Полска.
Одлична партија на сите три натпревари прикажа Димитар Узунчев, кој по завршувањето на групната фаза се наоѓа меѓу најдобрите стрелци на младинскиот Мундијал.
Узунчев се наоѓа на 6. позиција на листата на стрелци со 23 погодоци од 36 обиди, што претставува ефикасност од 64%.
Гевгеличанецот најмногу погодоци постигна против Исланд (10), против Романија даде седум, а против Фарски Острови реализираше шест пати.
Талентираниот ракометар, кој настапува за Бутел Скопје, во штотуку завршената сезона имаше одличен настап во најквалитетното домашно натпреварување.
Предводник на стрелците е Оли Митун од Фарски Острови.