ЖРК Пелистер за следната сезона нема да може да смета на својот најдобар стрелец, Моника Босилковска. Според информациите на Спортска Димензија, Босилковска ќе игра за друг клуб, а наскоро се очекува официјална потврда каде ќе продолжи да игра во новата сезона.
21-годишната ракометарка има и европско искуство, откако со Пелистер во сезона 2019/20 настапи во тогашниот Челинџ Куп.
Пелистер ќе треба да бара нови решенија за да ја надомести нејзината енергија и голови.
Од Пелистер си заминаа и двете голманки, Ема Кирова која се пресели во Чаир, и Дона Маркоска која ќе го носи дресот на Овче Поле Славјански Универзитет.
🎥Неодбранливо – проектил на Моника Босилковска во Свети Николе