Словенечкиот шампион Слован, кој аплицираше за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, но не доби одобрување од ЕХФ, во новата сезона ќе биде посилен со средниот бек Сташ Скубе.
Поранешниот играч на Вардар ќе биде замена за Јака Малаус, кој во наредните две сезони ќе го носи дресот на македонскиот вицепрвак Вардар.
Искусниот Скубе на интернационално ниво настапуваше уште за Мешков Брест, ПИК Сегед и Монпелје, клуб во кој играше последните три сезони.
Во својата татковина беше дел од екипите на Тримо Требње и Горење Велење. Скубе во Вардар играше две сезони – 2018/19 и 2019/20 и со „црвено-црните“ во сезона 2018/19 ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Тимот на Урош Зорман минатата сезона ги освои двата домашни трофеи и во новата сезона ќе атакува на одбрана на дуплата круна, како и на добар настап во Лигата на Европа.
Малус носи шампионски дух во Вардар – освои дупла круна со Слован!