Димитар Димитриоски за посилен Прилеп

467

Амбициозниот тим на Прилеп во следната сезона ќе биде посилен со повремениот македонски репрезентативец Димитар Димитриоски, кој по три години се враќа во македонскиот ракомет.

Левото крило, кое имаше одлични настапи во шпански Ваљадолид и беше меѓу најзаслужните за солидните резултати на клубот во Асобал лигата, на домашната сцена беше дел од Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер 2.

Во Асобал лигата неколку пати се најде во идеалниот тим на колото. За Прилеп ова е одличен трансфер, особено ако се земе предвид дека Димитриоски, покрај својата примарна позиција лево крило, може да покрие и како среден бек.

Прилепчани во новата сезона ќе бидат предводени од довчерашниот тренер на Струга, Наум Танески.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT