Го имаше одбиено Вардар, сега ќе игра кај Парондо!

157

Белорусинот Владислав Кулеш ќе остане во Бундес лигата, но ќе има нов предизвик. Левиот бек, кој пред седум година ја имаше одбиено понудата од Вардар, во следните шест месеци ќе биде дел од Мелсунген.

Кулеш во Мелсунген пристигува од Хановер, клуб во кој настапуваше од сезона 2022/23 и му беше соиграч на Филип Кузмановски. Претходно беше дел од Келце и СКА Минск.

Како што е познато, Мелсунген е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT