НЕВЕРОЈАТНО: Бундеслигаш за само пет дена продаде над 3.000 сезонски билети!

147

Бундеслигашот Гумерзбах постави рекорд уште пред да започне новата натпреварувачка сезона. Во само пет дена, клубот успеа да продаде дури 3.200 сезонски билети, што е апсолутен рекорд за амбициозниот клуб, кој во минатата сезона стигна до осминафинале во Лигата на Европа.

Раководството на клубот мораше да ја стопира продажбата на сезонските билети, со цел и останатите фанови да можат да бидат дел од некои натпревари во новата сезона. Во изминатата сезона, Гумерзбах за неколку дена имаше продадено 3.016 сезонски билети.

Гумерзбах натпреварите ги игра во „Швалбе Арена“, која е со капацитет од околу 4.000 – 4.300 седишта.

Поради огромниот интерес, клубот веќе размислува за проширување на арената.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT