Иако беше најавен како големо засилување за Партизан, сепак Словенецот Јануш Лапајне нема да го носи дресот на српскиот шампион.
Според информациите на српскиот портал „Моцарт Спорт“, Лапајне пристигнал во Белград, сè било договорено со раководството на клубот, но во моментот кога требало да го потпише договорот тој си заминал и најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Азија.
Од редовите на Партизан биле шокирани од непрофесионалниот однос на искусниот словенечки дефанзивец, кој дел од својата кариера ја мина и во Македонија, поточно во Металург.
Лапајне последно играше за швајцарскиот тим Амичитија Цирих, каде соиграч му беше Македонецот Мартин Поповски, а во својата кариера настапуваше и за ПСЖ, Татран Прешов, Луцерн и Базел.
Поради финансиските проблеми во Амичитика Цирих, голем дел од играчите се во потрага по нови ангажмани.