Поранешната голманка Бисера Паскал, која во Македонија бранеше за Куманово и Металург, започна ново поглавје во својата кариера, овојпат далеку од спортските терени.
Кумановката преку социјалните мрежи објави дека станала дел од Remax Smart Concept, престижна агенција за недвижности во Дубаи (Обединетите Арапски Емирати).
Македонката последниот клупски ангажман го имаше во Израел, а дел од својата кариера ја мина и во Хрватска и Шпанија. Со тимот на Металург во сезона 2018/19 и 2019/20 учествуваше во Европскиот Куп.
Сега, како дел од Remax Smart Concept, Паскал ќе се обиде да ги примени дисциплината, посветеноста и тимската работа стекнати во спортот, во динамичниот свет на недвижностите како агент.
Нејзиниот премин од спорт во бизнис со недвижности е уште еден доказ дека поранешните спортисти можат успешно да се реориентираат и во други професионални сфери.