Тадичи со нов скандал – сакаше да се „пресметува“ со судијка на меморијален турнир

343

Георге Тадичи, контроверзниот романски стратег, повторно имаше скандалозен испад на теренот. На еден од натпреварите на традиционалниот турнир Memorial „Romeo Ilie“, тој доби црвен картон, по што веднаш почна да реагира кон една од судијките, па дури сакаше и да се пресметува.

Тадичи и претходно бил центар на бројни инциденти – вербални напади, недолично однесување, но и физички испади кон играчи, а сега и кон судии.

Романскиот стартег е предводник на Залау, клуб во кој трансфер направи македонската репрезентативка Сара Стефаноска.

Видеото може да гo погледнете на страната handbal.feminin на ФБ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT