Ривалот на Алкалоид го посакува еден од најплатените играчи во Бундес лигата

35

Еден од најплатените играчи во Бундес лигата, членот на Мелсунген, Тимо Кастенинг, кој според германските медиуми заработува 30.400 евра месечно, следното лето би можел да ја промени клупската средина.

Како што објавува германскиот портал „Билд“, искусниот Кастенинг може да биде големо засилување во Хановер, клубот што е ривал на Алкалоид во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде камбек за Кастенинг во редовите на Хановер. Имено, 30-годишниот ракометар во 2020 година се пресели токму од Хановер во Мелсунген.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT