📷Овче Поле Славјански Универзитет означи старт на подготовките

70

Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која клубот од Свети Николе ќе атакува на подобри резултати.

Ракометарките во првите три дена ќе тренираат на Градскиот стадион во Свети Николе, по што ќе заминат на подготовки во Претор, каде што ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност на екипата.

Во тимот останаа речиси сите ракометарки од минатата сезона, а клубот се засили со голманката Дона Маркоска од Пелистер, како и со Елена Вучевска и Наталија Манева, кои се вратија во составот на тренерот Илија Бетувски.

 

 

Овче Поле Славјански Универзитет – клуб со јасна визија и фокус на младите

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT