Капитално засилување за Струга – се врати поранешниот репрезентативец Ангеловски

235

Поранешниот младински репрезентативец Александар Ангеловски, кој во 2014 година замина во Франција, реши да се врати во својата татковина и повторно да го облече дресот на матичниот клуб Струга, пренесува порталот ЈАВИ СЕ ЈУЖНА.

Средниот бек има големо искуство. Во Македонија, покрај за Струга, настапуваше и за МРК и РК Вардар, Куманово и Зомимак од Струмица, додека во Франција беше дел од Белфорт, за овој тим играше до изминатата сезона.

36-годишниот ракометар присуствуваше на денешниот прв тренинг на Струга, екипа која во изминатата сезона преку бараж избори опстанок во најквалитетното домашно натпреварување.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT