Беше меѓу подобрите во Првата и младинска лига: Иван Костовски се сели во „црвено-црните“ редови!

635

Ресенчанецот Иван Костовски, кој во минатата сезона беше меѓу подобрите играчи во Првата лига, ќе настапува за младинските категории на Вардар.

Костовски зад себе има и сениорско искуство со настапите за Преспа Вардар во прволигашката конкуренција. Во изминатата сезона на 14 одиграни натпревари во регуларниот дел од Првата лига постигна 74 погодоци, во просек 5,2 по натпревар.

И во младинската лига имаше забележителни партии, на 11 натпревари постигна 77 погодоци. Во младинските категории на Вардар ќе игра и голманот Алекс Трајановски, производ на ракометната школа Младост Ресен.

 

Талентираниот голман Трајановски ќе брани во Вардар

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT