Репрезентативецот на БиХ, Павле Петровиќ, кој во Македонија настапуваше за Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер, победнички го започна новиот интернационален предизвик.
Петровиќ заедно со Линц во натпревар од 1. коло од најквалитетното натпреварување во Австрија славеа над Тирол со 29:28, а најзаслужен за триумфот беше токму екс пелистерецот.
Десниот бек беше нерешлива енигма за домаќините и мечот го заврши со дури 11 погодоци.